|
||||||||
|
||||||||
Дејтонскиот договор: Историски настан
Историјата на Дејтонскиот мировен договор
Договорот постигнат во Дејтон, Охајо, со посредство на Америка, на 21-ви ноември 1995 година, а официјално потпишан на 14-ти декември истата година стави крај на најкрвавиот конфликт во Европа по завршувањето на Втората Светска Војна и повторно воспостави мир во Босна и Херцеговина.
Документација на Договорот
Склучен во ноември 1995 година, а потпишан следниот месец, Дејтонскиот договор стави крај на тригодишниот брутален меѓуетнички конфликт во Босна и Херцеговина. Тој ги постави сегашните политички поделби и владината структура во земјата, а голем број меѓународни организации добија мандат да ги набљудување, надгледување и спроведување на елементите од Договорот.
Резиме на клучните играчи
Ричард Холбрук, амбасадор на САД во Обединетите Нации, гестикулира при воведниот говор на петтата комеморација од Дејтонскиот мировен договор на 17-ти ноември 2000 година во воздухопловната база Рајт-Петерсон во Дејтон, Охајо.[АФП]
Учесници
Српскиот претседател Слободан Милошевиќ, претседателот на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ (во средина) и хрватскиот претседател Фрањо Туѓман (десно) потпишаа мировен договор помеѓу нивните земји на 21-ви ноември 1995 година во воздухопловната база Рајт-Петерсон, во близина на Дејтон, Охајо. [АФП]
Кој е кој во имплеменатацијата на Дејтонскиот договор
Високиот претставник за Босна и Херцеговина (БиХ) Волфганг Петрич одржува прес-конференција на 24-ти мај 2000 година во Јустус Липсиус во Брисел, по состанокот на босанскиот Совет за спроведување на мирот. [АФП]
Мапи: пред и потоа
Карта на денешна Босна и Херцеговина. Како што беше договорено во Дејтонскиот договор, земјата е составена од два ентитета – Федерација Босна и Херцеговина (ФБиХ) и Република Српска. [Фајл] Активности на ИФОР/СФОР/ЕУФОР
10 години одржување мир
Церемонијата во Сараево на 2-ри декември 2004 година го обележа историскиот крај на Силите за стабилизација (СФОР) предводени од НАТО во Босна и Херцеговина и започнувањето на новата мировна мисија на ЕУ, ЕУФОР. [НАТО]
НАТО и Комисијата за реформи во одбраната: партнери за напредок
Есента 2005-та година, законодавците во двата ентитета во Босна и Херцеговина усвоија историски договор подготвен од страна на Комисијата за реформи во одбраната. Со него се укинува воената обврска, се создава едно министерство за одбрана на државно ниво и се формира една професионална армија прилагодена на потребите на БиХ, потребите за регионална стабилност и условите за влез во меѓународната воена заедница. Договорот, клучен чекор на патот кон евро-атлантска интеграција на БиХ, исто така, ја одразува посветеноста на НАТО, која трае една деценија, за обезбедување на една стабилна иднина за босанскиот народ. |
Животот и перцепциите на јавноста 10 години подоцнаИ покрај мирот постигнат со Дејтонскиот договор реалноста носи тешки предизвициДесет години по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор сé уште остануваат многу нерешени прашања во Босна. Дејтонскиот договор го загарантира мирот и ги дефинираше условите кои се потребни за земјата да застане на здрави нозе. Следните 10 години ќе бидат најважни за иднината на Босна, особено додека земјата се справува со предизвиците на економското заживување, уставните реформи, и напорите за понатамошна интеграција во Европа преку членството во НАТО и во Европската унија.Десет години по Дејтон поделбите остануваат
Босна и Херцеговина има уникатна политичка структура, а со тоа доаѓаат и уникатните проблеми. Да го земеме за пример случајот со Фата Орловиќ-бегалка, по националност Бошњачка, која започна правна битка во судот во ентитетот на Босанските Срби околу една православна црква во дворот од нејзината куќа.
Хрватите во БиХ имаат различни гледишта за иднината
Пред конфликтот во БиХ, хрватското беше најмалубројно од трите етнички населенија во земјата, а многумина се чувствуваат измамени од актуелните политички поделби. Во Херцеговина, традиционално закоравен бастион, многумина бараат создавање на трет ентитет. Останатите Хрвати не се согласуваат и наместо тоа сметаат дека БиХ треба да го остави сепаратизмот зад себе и да се стреми кон мултиетничка иднина.
Босанските Срби настојуваат да го зачуваат ентитетот и да пронајдат излез од економските маки
Република Српска, ентитетот на Босанските Срби, се соочува со стапка на невработеност од 38 отсто, како и со општо незадоволство. Во ваквата мрачна ситуација, многумина се спротивставуваат на промената на ваквата сатус кво ситуација доколку тоа значи поткопување на основната спогодба изнесена во Дејтонскиот договор. Патот до стабилноста и напредокот„Патот што претстои“
На патот кон Европа
Десет години по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, БиХ отпочна процес на клучни реформи кои го отвораат патот за иден економски раст и повисок животен стандард. Сепак, прашањата како што е невработеноста и слабите инвестиции мора да бидат решени побрзо со цел да се забрза тој процес, пишува високиот претставник Лоренс Е.Батлер. Напредок во враќањето на бегалците и внатрешно-раселените лица во своите домовиФедерални и државни институции во БиХ |
|
Се бараат обвинетите воени злосторници
Човек ги гледа американските постери во Сараево од 20-ти јануари 2002 година на кои се претставени воениот лидер на Босанските Срби, Радован Караџиќ (десно на постерот), и неговиот воен командант Ратко Младиќ, најбарани бегалци на Меѓународниот суд за воени злосторства, а беше објавена и награда од 5 милиони американски долари за информации кои би помогнале за нивно апсење. [АФП] |
Соработката со МКТЈ
Босански полицаец чува стража за време на инаугурацијата на првиот суд за воени злосторства во БиХ на 9-ти март 2005 година, опишана како исклучително важен настан за правдата по конфликтот во бившите југословенски републики во периодот 1992-1995. Се очекува судот да ја олесни работата на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија со преземање на некои случаи, а се очекува првиот обвинет да биде префрлен наскоро. [АФП] |