03/04/2011
ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Министерот за правда ја одобри екстрадицијата на Милојко Николиќ за Србија, објавија медиумите во петокот (1-ви април). Поранешен член на српската паравоена група и член на паравоената единица „Чакали“, тој е осомничен за воени злосторства за време на косовскиот конфликт. Тој е осомничен за учество во убиствата од 1999 година на 44 албански цивили во косовското селоп Чушка. Николиќ беше притворен во декември врз основа на потерницата што ја издаде Белград. (Побједа - 02/04/11; Бета, Радио Слободна Европа - 01/04/11)