14/03/2011
АНКАРА, Турција -- Повеќе од 10.000 лекари и студенти по медицина во неделата (13-ти март) се собраа пред Министерството за здравство во Анкара, и протестираа против владината одлука за воведување нов здравствен систем. Демонстрантите тврдеа дека новиот систем ќе го намали квалитетот на здравствената заштита со оглед на тоа што според истиот, здравствените работници ќе бидат плаќани според бројот на пациентите за кои се грижат. Владата, од друга страна, тврди дека системот ќе ја зголеми конкуренцијата и ќе резултира со повисоки плати за лекарите кои имаат подобри резултати. (Хуријет, Хабер 3, Хабер Турк, Чумхуријет, СНН Турк - 13/03/11)