Судот на БиХ подигна обвинение против Кувеља за воени злосторства

11/03/2011

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Судот за воени злосторства во четвртокот (10-ти март) подигна обвинение против босанскиот Србин, Божидар Кувеља, поранешен полицаец, за геноцид во врска со убиствата на 50 до 100 луѓе за време на масакрот во Сребреница во 1995 година. Кувеља (39) е обвинет за учество во рациите во муслиманските села во источна Сребреница, затворање на муслимански мажи и момчиња и масовни егзекуции. Тој беше уапсен во јануари во јужниот град Чајниче.

Во другите вести од четвртокот, судот во Ливно го осуди Ранко Тривуновиќ на седум години затвор за воени злосторства врз хрватските воени затвореници во Гламоч во 1992 година. Тривуновиќ беше уапсен во ноември. (E-новине, Дневни аваз, Танјуг, Независне новине - 10/03/11)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's