04/03/2011
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Премиерката Јадранка Косор во четвртокот (3-ти март) изрази уверување дека Хрватска ќе успее да ги затвори сите преостанати поглавја од преговорите до крајот на јуни. Таа говореше на отворањето на дводневната конференција на Бирото на групата на Европската народна партија (ЕПП) во Загреб. Косор ѝ се заблагодари на ЕПП за поддршката на кандидатурата на Хрватска. Таа, исто така, вети дека ќе продолжи со борбата против корупцијата и криминалот, ќе продолжи со напорите за решавање на проблемите на бегалците и ќе соработува со Хашкиот трибунал за воени злосторства. Хрватска досега успеа условно да затвори 28 поглавја од вкупно 35. Конкуренцијата и правдата се две најпроблематични поглавја од разговорите за пристапување на Хрватска. (Хина, ХРТ, Пословни дневник - 03/03/11)