28/02/2011
СКОПЈЕ, Македонија -- Премиерот Никола Груевски во неделата (27-ми февруари) рече дека властите се подготвени за одржување предвремени избори и покрај „блефирањето“ од страна на опозициската СДСМ. Тој, исто така, го обвини водачот на СДСМ, Бранко Црвенковски, за вршење притисок врз претседателот на Државната изборна комисија, Александар Новаковски, да поднесе оставка. Новаковски, кој беше предложен од опозицијата, поднесе оставка минатата недела. Груевски потврди дека повеќето барања што ги постави опозицијата за враќање во парламентот се остварливи, но повторно истакна декат тој не може да се меша во случајот на А1 телевизија, како што инсистира опозицијата. Сметките на популарниот телевизиски канал беа блокирани на крајот од јануари, како дел од истрагата за даночна измама против десет претпријатија регистрирани на адресата на А1. Овој потег поттикна бојкот од страна на некои опозициски партии предводени од СДСМ, која тврди дека одлуката била политички мотивирана. (МИА, Макфакс, Сител, Канал 5, Алсат M - 27/02/11)