19/12/2010
НИКОЗИЈА, Кипар -- Кипар и Израел потпишаа договор за нивната заедничка морска граница, кој им овозможува да продолжат со потрагата по енергетските извори во источното Средоземно Море, објави кипарското Министерство за надворешни работи во петокот (17-ти декември). Одбележувањето се смета за важен чекор напред за експлоатацијата на нафта и гас. Кипар веќе го ратификуваше пограничниот крајбрежен договор со Египет. Сличен договор со Либан чека на ратификација во парламентот во Бејрут. (Блумберг, АФП - 17/12/10)