Таричеану го критикуваше прислушувањето на телефоните во случајот Ванту

22/10/2010

БУКУРЕШТ, Романија -- Поранешниот премиер Калин Попеску Таричеану во четвртокот (21-ви октомври) го критикуваше објавувањето на приватните телефонски разговори меѓу новинарите и медиумскиот магнат Сорин Овдиу Ванту, кој неодамна беше обвинет за врски со лице осудено за проневера. Записите од снимките протекоа и беа објавени во локалните медиуми претходно оваа година. Обвинителите објаснија дека истите биле направени за да „го покажат карактерот“ на Ванту. Теричеану, кој беше премиер од 2004 до 2008 година и е моментно во опозиција, го спореди романскиот правен систем со „Големиот брат“. Ванту, кој е сопственик на медиумската група Реалитатеа-Катавенцу, е осомничен за префрлање огромни суми пари на банкарската сметка на Николае Попа, бегалец кој избега од земјата откако беше осуден на 15 години затвор за организирање пирамидална шема. (AП, Hotnews.ro, Зиаре, Гандул, Котидианул, Адеварул - 21/10/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's