07/09/2010
БЕЛГРАД, Србија -- Геј парадата во земјата е закажана за 10-ти октомври во центарот на Белград, објавија организаторите во понеделникот (6-ти септември). Тие велат дека истата ќе биде можност да се повика владата на зајакнување на борбата против насилството и дискриминацијата. Некои владини министри и политички партии веќе ветија поддршка на настанот. Минатогодишната парада, закажана за Белград во септември, беше откажана во последен момент поради закани. Настанот во октомври ќе биде прв од 2001 година, кога учесниците беа претепани од ултранационалистите, фудбалските навивачи и скинхедсите. (Бета, Б92 - 06/09/10)