07/09/2010
БЕЛГРАД, Србија -- Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, во понеделникот (6-ти септември) објави дека одреден број луѓе се уапсени во врска со инцидентот минатиот викенд во Нови Пазар. Неколку полицајци беа повредени во саботата во градот со претежно муслиманско население, кога избија судири за време на протестот на членовите на Исламската заедница во Србија против наводната конфискација земјишна парцела во градот. Заедницата, предводена од Муамер Зукорлиќ, се противи на одлуката за изградба на градинка на спорното место, наводно добиено како донација. Бошњачкиот национален совет ги повика набљудувачите на ЕУ да се распоредат во Санџак, во обид за намалување на тензиите и промовирање на дијалогот. Но, градоначалникот на Нови Пазар, Мехо Махмутовиќ, не сака да има удел во тоа. Уапсените по тепачките од саботата се обвинети за напад на полицакци и нарушување на јавниот ред. (РТС, Танјуг, АП - 06/09/10)