07/09/2010
TИРАНА, Албанија -- Претседателот Бамир Топи во понеделникот (6-ти септември) потпиша декрет во кој 8-ми мај 2011 година се определува за датум на кој ќе се одржат локалните избори. Овој потег дојде само два дена пред истекувањето на крајниот рок за издавањето на документот. Двете најголеми политички партии -- владејачката Демократска партија и опозициската Социјалистичка партија (СП) -- сега мора да ги протуркаат реформите и да работат заедно на зајакнување на изборниот законик. Последните локални избори се одржаа во 2007 година. Главната битка на изборите во 2011 година се очекува да се води во градоначалничката трка за Тирана, каде што градоначалник е водачот на СП, Еди Рама. (ББС, ВоА, Шекули, Топ ченал, Ора њус, Балкан веб - 06/09/10)