07/09/2010
БУКУРЕШТ, Романија -- Повеќе од 70 невладини организации во понеделникот (6-ти септември) објавија изјава за смена на новиот министер за земјоделство, Валериу Табара, поради неговите врски со индустријата на генетски модифицирани растенија. „Дали г-дин Табара ќе биде способен да ги претставува интересите на романските земјоделци и потрошувачи, со оглед на неговите договорни врски со Монсанто -- најголемиот производител на ГМО во светот“, прашаа организаторите. Табара, кој го презеде Министерството за земјоделство во реконструкцијата минатиот петок, објасни во интервју за весникот „Евениментул зилеи“, дека највистина работел за Монсанто, но инсистираше на тоа дека „нема ништо нелегално, ниту тајно околу тоа“. (Зиаре, АФП - 06/09/10)