07/09/2010
AНКАРА, Турција -- Премиерот Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот (6-ти септември) ги повика сите граѓани да гласаат на референдумот на 12-ти септември за уставните измени. Во своето обраќање пред илјадници луѓе кои се собраа во југоисточниот град Санлиурфа, со претежно курдско население, Ердоган рече дека турскиот народ „мора да гласа слободо, без каков било пристисок и закана“ и рече дека се преземени сите безбедносни мерки за да се загарантира безбеден и мирен процес. Изјавата за ова уследи откако прокурдската Партија на мирот и демократијата објави дека ќе го бојкотира референдумот во знак на протест поради постојниот праг од 10 отсто што секој кандидат мора да го исполни за да освои место во парламентот. (Сабах - 07/09/10; Ројтерс, АП - 06/09/10)