07/09/2010
ПРИШТИНА, Косово -- УНМИК препорача Приштина и Белград да отпочнат разговори за прашањата од взаемен интерес, но без вклучување на посредник. Мисијата, сепак, се консултира со седиштето на ОН во Њујорк за да утврди дали треба да ги олеснува разговорите во иднина, рече во понеделникот (6-ти септември) портпаролот на УНМИК, Расел Гики. „Подготвени сме да одиграме улога, но страните вклучени во разговорите треба да ја одредат агендата. Би сакале директни разговори, но нема официјален став од ЕУ и нејзината улога“, рече Гики. Косовската влада продолжува да се спротивставува на сите евентуални состаноци во врска со статусот или териториите. Меѓународната кризна група предложи назначување посредник кој би ги олеснил разговорите меѓу Белград и Приштина. (Koha.Net, Арта, Косовалајв, Телеграфи - 06/09/10)