06/09/2010
ПРИШТИНА, Косово -- Полицијата во неделата (5-ти септември) го уапси бегалецот Лирим Јакупи, кој избега од затвор во Косово пред три години. Јакупи, познат по прекарот „командант Наци“, беше осуден во врска со неколку напади на безбедносните сили во Македонија и Србија. Полицијата пронајде две рачни гранати, една пушка АК-47 и два пиштола при претресот на неговата куќа. Јакупи избега заедно со шестмина други опасни осуденици во август 2007 година. (РТС, Танјуг, Б92, Фонет, Телеграфи - 05/09/10)