02/09/2010
БУКУРЕШТ, Романија -- Турски товарен брод потона на романскиот брег на Црното Море во средата (1-ви септември), објавија Поморските власти. Сите 17 членови на екипажот се спасени. Меди, натоварен со метал, отплови од пристаништето во Констанца утрото. Неколку часа подоцна, екипажот побарал помош, велејќи дека бродот почнал да се наведнува. По неколку часа, бродот потонал, и покрај напорите на романските бродови да го спасат. (AP, CNN, Romania Libera, Adevarul, Realitatea - 01/09/10)