02/09/2010
ПРИШТИНА, Косово -- Независноста на Косово наскоро ќе биде призната од страна на членовите на КАРИКОМ, организација на 15 карипски народи и колонии, според канцеларијата на портпаролот на албанскиот парламент Џозефина Топали. Во четвртокот (2-ри септември) приштинските медиуми пренесоа дека Топали добила писмо од нејзиниот колега во Гренада, Џорџ Мекгваер, велејќи дека наскоро се очекува одлука за независноста на Косово од сите 15 земји. Канцеларијата на Топали е заслужна за континуирано лобирање во Гренада, откако Приштина прогласи независност во 2008-та година. Косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени одби да коментира за ова прашање, но изрази уверување дека признавањето ќе дојде наскоро. Досега Косово е признато од 69 земји. (Koha Ditore, Express, Lajm, Zeri - 01/09/10)