02/09/2010
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Во средата (1-ви септември) парламентот го исполни последниот услов за визна либерализација, откако Народниот дом го продолжен мандатот на Мијо Кресиќ како шеф на анти-корупциска агенција. Тања Фајон, известувач на Европскиот парламент (ЕП) за визната либерализација за Западен Балкан, рече дека процесот на либерализација на визниот режим за БиХ и Албанија би можел да се забрза, ако е позитивен извештајот на експертите од Европската комисија за напредокот на двете земји. Тој треба да се достави до Комитетот на ЕП за дискусии во четврток.
Пратениците на БиХ, исто така, ја одобрија одлуката за испраќање на 45 војници во Авганистан. Војниците ќе заминат во октомври. БиХ во моментов има десет офицери кои служат во рамките на мисијата на Меѓународните безбедносни сили за помош. (RTRS, Srna, BHRT, Radio Free Europe, Xinhua - 01/09/10)