02/09/2010
ТИРАНА, Албанија -- Премиерот Сали Бериша го повика неговиот кабинет во средата (1-ви септември) да донесат нацрт-закони кои ќе ја подобрат туристичката инфраструктура. Бериша сака секоја плажа да има специјално наменета површина од најмалку 100 метри и не сака незаконски градби по должината на брегот. Тој, исто така, го повика Министерството за животна средина да ги заштити туристичките места од загадување и да нареди отстранување на баровите и рестораните, кои ја загадуваат животната средина. (Shekulli, Top Channel, Balkan Web, Ora News - 01/09/10)