02/09/2010
СОФИЈА, Бугарија -- Во средата (1-ви септември) министерот за одбрана Ангелов рече дека Бугарија нема да испрати дополнителни трупи кои ќе се приклучат кон Меѓународните безбедносни сили за помош (ИСАФ) во Авганистан следната година. Соопштението се совпадна со започнувањето на новата академска година на Националната академија за одбрана. Во јуни, владата одлучи да испрати 65 воени инструктори и медицински персонал да се приклучат кон 540 припадници на мисијата на Бугарија во Авганистан до крајот на оваа година.(Xinhua, Mediapool, Focus - 01/09/10)