Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Владеачката ЛДП во Романија се одлучи за реконструкција на кабинетот

02/09/2010

БУКУРЕШТ, Романија -- Премиерот Емил Боц претстави две опции на средбата со пратениците од владеачката Либерал демократска партија (ЛДП) доцна во средата (1-ви септември), извести дневниот весник Гандул. Бок предложи или реконструкција на владата или оставка на целиот кабинет. Ова следеше по соопштението од страна на опозициската Социјалдемократска партија (СДП) и Национал либерална партија (НЛП) дека ќе поднесат интерпелација против владата на Боц до крајот на годината да поништи покачување од 5 отсто на ДДВ и намалување од 25 отсто на јавните плати. Овие две партии контролираат 214 од вкупно 471 пратеничко место. Гандул објави дека пратениците од ЛДП одлучиле да заменат некои министри, затоа што за тоа е потребна согласност само од претседателот. Премиерот ги соопштува кандидатите, а претседателот или ги прифаќа или ги отфрла.(Gandul, Jurnalul National, Ziare - 02/09/10; Bloomberg, Cotidianul - 01/09/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's