02/09/2010
ЊУ ЈОРК, САД -- Турција го презеде едномесечното ротирачко претседателство на Советот за безбедност на ОН во средата (1-ви септември). Претходниот носител беше Русија. На 23-ти септември, турскиот претседател Абдула Ѓул ќе претседава на состанокот за заштита на мирот. Четири дена подоцна, министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу ќе претседава на состанокот за борба против тероризмот. Турција се приклучи кон Советот за безбедност на ОН како непостојана членка минатата година. (DPA, World Bulletin - 01/09/10)