Ганиќ ќе ја тужи Србија поради затворањето во Лондон

27/08/2010

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Поранешниот член на босанското претседателство Ејуп Ганиќ планира да поднесе тужба против Србија во врска со неговото затворање во Лондон под обвинение за воени злосторства. Неговиот адвокат, Дамир Арнаут, во четвртокот (26-ти август) рече дека Ганиќ поминал пет месеци во Лондон како жртва на „злоупотребата на британскиот правен систем за политички цели“. Тој беше уапсен во Лондон на 1-ви март врз основа на меѓународната потерница што ја издаде Србија. Белград инсистираше на тоа дека Ганиќ треба да биде екстрадирам во Србија за да е соочи со обвиненијата за воени злосторства врз војниците на Југословенската народна армија (ЈНА) извршени во Сараево во 1992 година. Наместо тоа, судот за екстрадиција во Лондон на крајот го отфрли барањето на Србија и го ослободи Ганиќ. (Б92, Независне новине, Вечерње новости - 26/08/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's