27/08/2010
ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Црна Гора го екстрадираше осомничениот за воени злосторства Мариш Кривошиќ во Хрватска, каде што се бара за злосторства извршени во 1991 година, објавија медиумите во четвртокот (26-ти август). Кривошиќ (45) беше уапсен во јуни врз основа на потерницата што ја издаде Загреб. Тој е осомничен за вмешаност во убиствата на 56 хрватски цивили во селото Бацин на почетокот од хрватскиот конфликт во периодот 1991-1995 година. (Радио Слободна Европа, Б92, Танјуг, СТА - 26/08/10)