30/07/2010
ПРИШТИНА, Косово -- Главниот обвинител на ЕУЛЕКС, Јоханес ван Вреесвијк, објави бран активности против организираниот криминал и корупцијата во северно Косово. „Има 25 сериозни случаи на север кои мора да се расчистат“, рече Ван Вреесвијк во четвртокот (29-ти јули), два дена откако официјално дојде на функцијата. ЕУЛЕКС направи покуса листа од шест случаи на кои ќе се посвети во наредните две недели, додаде тој. Ван Вреесвик потврди дека има цврсти докази за случај на корупција со министерот за транспорт и телекомуникации, Фатмир Лимај, и предупреди дека министерот ќе биде сослушан. Имплицирајќи можна истрага и против други министри, тој рече дека „има и други случаи слични на оној со Лимај“. (Коха Диторе, Арта ТВ, Телеграфи, Актуалитети - 30/07/10)