30/07/2010
СОФИЈА, Бугарија/БУКУРЕШТ, Романија -- Бугарскиот министер за внатрешни работи, Цветан Цветанов, во четвртокот (29-ти јули) рече дека Софија и Букурешт преземаат заеднички мерки за ја загарантираат репатријацијата на Ромите кои се соочуваат со протерување од Франција, во своите татковини. Властите во Париз во средата објавија дека планираат да ги растурат сите нелегални ромски кампови во рок од три месеци и да ги репатрираат Ромите кои извршиле кривични дела. Овој потег уследи по насилниот судир со полицијата на почетокот од јули. Романскиот премиер Емил Боц, во чија земја живее најголемата ромска заедница во Европа, рече дека сите европски земји имаат „заедничка обврска“ кон милиони Роми на континентот. (ДПА, Новините, АП - 29/07/10)