30/07/2010
НИКОЗИЈА, Кипар -- Постојан информативен центар на ОН за размена на информации беше отворен во четвртокот (29-ти јули) да им помогне на грчките и турските заедници на островот за прашањата поврзани со кражбите, убиствата, шверцот и друг криминал. Заедничката комуникациска соба (ЗКС) ќе донесе експерти од двата дела на поделениот остров, кои ќе бидат на располагање 24 часа на ден, со поддршка од полицајците распоредени во мировните мисии на ОН во Кипар. ЗКС беше првично формирана во мај 2009 година, и се наоѓаше во Заштитената зона на ОН во Никозија, пред да биде префрлена на својата постојана локација во поранешната набљудувачка позиција на ОН во тампон-зоната. (Прес-центар на ОН, КНА - 29/07/10)