30/07/2010
ATИНА, Грција -- Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Григорис Делавенкурас, во четвртокот (29-ти јули) објави дека владата затвора скоро десет конзулати во Европа и Јужна Африка во обид за кратење на трошоците, поради финансиската криза. Конзулатите се во Хановер, Келн, Лајпциг, Неапол, Ница и Дурбан. Генералните конзулати во Лондон, Париз и Брисел, ќе бидат, исто така, затворени, и конзуларните канцеларии ќе бидат префрлени во амбасадите во тие градови. (AНА-МПА, Ксинхуa - 29/07/10)