Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Турската полиција уапси 34 осомничени терористи

30/07/2010

AНКАРА, Турција -- Полицијата уапси 34 осомничени членови на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК) во четвртокот (29-ти јули) во врска со пет бомбашки напади во Истанбул. Осомничените се верува дека ги поставиле малите бомби пред два супермаркети, една канцеларија, медицинска клиника и пошта на 29-ти јуни и 15-ти јули, но повредени немаше.

Во меѓувреме, група претставници од прокурдската Партија на мирот и демократијата (БДП) беа вратени во четвртокот од областа Дортиол од безбедносни причини. Четворица полицајци беа убиени во југоисточниот град претходно оваа недела од наводните членови на ПКК кои отворија оган врз полициска станица. Откако беа запрени во близина на областа Ерзин, каде што се состанаа со локалната администрација, полициските и воените претставници, претставниците на БДП рекоа дека ќе се вратат во Дијарбекир. (Заман, Радикал - 30/07/10; AФП, Хуријет, СНН - 29/07/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's