Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

ОБСЕ загрижен за медиумите на Балканот

30/07/2010

ВИЕНА, Австрија -- Претставничката на ОБСЕ за Слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ, во четвртокот (29-ти јули) го предаде својот прв извештај, во кој се наведени областите што се предмет на загриженост во 56 земји во светот, вклучително и некои на Балканот.

Мијатовиќ ги потсети властите во Тирана дека медиумите не се нивна сопственост и дека новинарите треба да известуваат за недостатоците на власта. Конкретно, таа изрази загриженост во врска со тоа што Топ ченал ТВ доби казна од 400.000 евра за емитување снимка со поранешниот министер за култура, Или Панго, како бара од млада жена сексуална услуга за да ја вработи.

Мијатовиќ, исто така, ги наведе инструкциите што ги даде премиерот на Република Српска Милорад Додик на почетокот до март, повикувајќи ги јавните институции да ја прекинат соработката со јавниот радиотелевизиски сервис РТВФБиХ откако истиот ги критикуваше дејствата на владата.

Друг пример што беше наведен беше предлогот на реис-ул-улема Мустафа ефенди Чериќ, највисоката влада на Исламската заедница во Босна и Херцеговина, за формирање одделен јавен телевизиски канал на босански јазик, бидејќи бил употребен хрватски збор во преглед на вести. Мијатовиќ, исто така, го осуди убиството од 19-ти јули на грчкиот новинар Сократис Гиолиас и го критикуваше претепувањето од 24-ти јули на српскиот новинар Теофил Панчиќ. Мијатовиќ, исто така, го наведе големиот број кривични постапки против новинари во Турција. (Веб-страница на ОБСЕ, Шекули, Топ ченал, Ора њус, ВоА, Балкан веб - 29/07/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's