Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Tачи ги повика членките на ЕУ да ја признаат независноста на Косово

29/07/2010

ПРИШТИНА, Косово -- Премиерот Хашим Тачи ги повика петте членки на ЕУ кои сé уште не го признале Косово -- Грција, Шпанија, Кипар, Романија и Словачка -- да го ревидираат својот став. Минатонеделното мислење на Меѓународниот суд на правдата (МСП) е најдобар доказ дека косовската декларација за независност е легална, рече Тачи во средата (28-ми јули). „Оправдано, по пресудата на МСП, владата ... очекува овие земји да го признаат Косово“, додаде тој.

Во меѓувреме, во четвртокот, Тачи изјави за приштинскиот весник Косова Сот дека пресудата на МСП ставила крај на секаква идеја за специјален статус, автономија или поделба на северниот дел, со претежно српско население. „Политичко лудило е да се разговара за овие идеи по мислењето на МСП“, рече тој. Тој потврди дека неговата влада е подготвена да разговара со секој легитимен водач, но не и со српските паралелни структури. (Косова Сот, Коха Диторе, Епока е ре, Експрес, Лајм - 29/07/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's