29/07/2010
ЉУБЉАНА, Словенија -- Полицијата уапси хакер осомничен дека создал вирус кој инфицирал повеќе од 12 милиони компјутери низ целиот свет, информираше полицискиот портпарол Леон Кедер во средата (28-ми јули). Медиумите го идентификуваа само како 23-годишен Словенец познат со хакерското име Исердо. Мажот беше ослободен, но се очекува да биде обвинет за компјутерски криминал, рече Кедер. Локалните медиуми минатата недела објавија дека словенечката полиција -- во соработка со ФБИ -- отпочна истрага против тројца поранешни словенечки студенти по ИТ кои, наводно, го создале вирусот со цел да добијат информации од банкарски картички и интернет банкарски детали. (Бета, АП, ББС, Ројтерс - 28/07/10)