29/07/2010
ПРИШТИНА, Косово -- Полицајците на ЕУЛЕКС го претресоа домот на Азем Сила, поранешен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), во средата (28-ми јули), во рамките на истрагата за т.н. случај Блаца. За време на снименото признание во ноември 2009 година, Назим Блаца рече дека дејствувал како соучесник во убиство, тортура и заканувачки акции извршени од страна на Косовската разузнавачка служба, фракција за која се веруваше дека е блиска до владејачката Демократска партија. Блаца потоа призна дека некои од наредбите дошле од Сила. Тој не бил дома за време на рацијата во средата, но ќе се појави пред Специјалното обвинителство следната недела. Инспекторите на ЕУЛЕКС го напуштија местото откако конфискуваа некои документи.
Во меѓувреме, администратор за ИТ кој работи во косовската влада беше уапсен во четвртокот во врска со тековната истрага на Министерството за транспорт и телекомуникации. Осомничениот е обвинет за попречување на собирање докази. ЕУЛЕКС изврши рација во канцелариите на министерството во април, како и во домот на министерот за транспорт Фатмир Лимај, поради наводи за корупција. (Eкспрес, Koha.net, Зери, Коха Диторе, Косова Сот, Експрес - 29/07/10; Кохавижн, Топ њус, РТК - 28/07/10)