Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Атинската полиција употреби солзавец за камионџиите што штрајкуваат

29/07/2010

AТИНА, Грција -- Полицијата во четвртокот (29-ти јули) употреби солзавец во обид да ги растера стотиците камионџии-штрајкувачи кои не ја почитуваат владината наредба за враќање на работа. Штрајкот, кој трае веќе четврти ден, веќе доведе до испразнување на полиците во продавниците и резервите гориво на бензиските пумпи, поради што патниците се принудени да ги одложат своите патувања -- уште еден удар за туристичкиот сектор кој се соочува со проблеми. Камионџиите кои нема да ја почитуваат наредбата на владата од средата и ќе продолжат да штрајкуваат доцна во четврток ќе бидат уапсени и ќе им бидат одземени лиценците. Покрај ова, јавните службеници ќе ги заменат демонстрантите и ќе започнат транспортирање на стоката повторно. Возачите протестираат поради владиниот план да охрабри конкуренција издавајќи нови лиценци за далеку пониски цени. Додека камионџиите, наводно, се обиделе да влезат во зградата на Министерството за транспорт во четвртокот, имаше извештаи дека демонстрантите фрлале камења. (Tа Неа, ББС - 29/07/10; ББС, AФП, АНА-МПА - 28/07/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's