Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Бугарската и грчката влада одржаа заеднички состанок

28/07/2010

СОФИЈА, Бугарија -- Владите на Бугарија и Грција во вторникот (27-ми јули) одржаа заеднички состанок, на кој бугарскиот премиер Бојко Борисов и неговиот грчки колега Јоргос Папандреу се согласија да воспостават заеднички Совет за соработка на високо ниво. Тие разговараа околу проектот за гасоводот Бургас-Александрополис, кој ќе го поврзува Црното Море со Егејското, избегнувајќи ги скапите транзитни трошоци преку Босфорот. Борисов, кој изрази сомнеж во врска со влијанието врз животната средина на гасоводот кој поминува низ заштитени територии, рече дека и Папандреу изразил иста загриженост и се согласил дека студија за влијанието врз животната средина треба да се подготви пред да почне каква било работа. Вкупно повеќе од десет договори беа потпишани меѓу двајцата водачи и различни владини министри. (БНТ, Фокус, Новините - 27/07/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's