28/07/2010
НИКОЗИЈА, Кипар -- Турција во вторникот (27-ми јули) го отфрли барањето на кипарските авијациски власти да го користат воздушниот простор на земјата, со оглед на тековниот штрајк на контролирите на воздушниот сообраќај во Грција, кој го погоди сообраќајот низ цела Европа. Портпаролот на „Сајпрус ервејс“ Кириакос Кириаку рече дека земјата побарала дозвола за два лета, но Анкара одговорила „брзо“ и негативно. Отворањето на воздушниот простор за кипарските авиони е еден услов што Турција мора да го исполни за да влезе во ЕУ.
Во меѓувреме, кипарскиот претседател Деметрис Христофиас и водачот на кипарските Турци Дервиш Ероглу се состанаа во средата во рамките на тековните разговори за повторно обединување на поделениот остров. Фокусот на овој круг е ставен на имотното прашање. Тие последен пат се состанаа пред шест дена. (Сајпрус мејл, КНА - 28/07/10; КНА, Ксинхуа - 27/07/10)