Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

ЕУ ја повика Македонија да продолжи со реформите

28/07/2010

БРИСЕЛ, Белгија -- ЕУ во вторникот (27-ми јули) објави дека реформскиот процес во Македонија доби нова динамика, но ја повика земјата да најде решение за некои недостатоци со цел да се забрза процесот на интеграција. Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, рече по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ-Македонија дека Европската комисија (ЕК) сé уште сака да отвори разговори за пристапување со Скопје. Сепак, Брисел најпрво сака да види повеќе политички дијалог меѓу владејачките партии и опозицијата, реформи во јавната администрација, гарантирана судска независност, посмела борба против корупцијата и подобрување на човековите права.

Во другите вести од вторникот, Хрватска направи чекор напред кон ЕУ затворајќи уште две нови поглавја од преговорите -- за безбедноста на храната. ветеринарната и фитосанитарната политика, и финансиската контрола. Со овие две поглавја, земјата затвори 22 од 33 поглавја. (ХРТ, ХИНА, Пословни дневник, Нова ТВ, МИА, Алсат М, Сител, Макфакс - 27/07/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's