28/07/2010
ХАГ, Холандија -- Трибуналот на ОН за воени злосторства во вторникот (27-ми јули) го отфрли барањето на поранешниот претседател на парламентот на Република Српска (РС) Момчило Краишник за предвремено ослободување. Тој моментно отслужува 20-годишна казна во британски затвор. Краишник беше уапсен во 2000 година за прогон и принудна депортација на српските цивили за време на босанскиот конфликт во периодот 1992-1995 година. Осуден во 2006 година, нему му беше изречена затворска казна во траење од 27 години, која подоцна беше намалена на 20. Претседателот на МКТЈ Патрик Робинсон во вторникот рече дека предвремено ослободување може да се бара само откако осудениот отслужил две третини од затворската казна. (Бета, Танјуг, Б92, Фена, РТРС - 27/07/10)