28/07/2010
ЛОНДОН, Велика Британија -- Судот во Лондон во вторникот (27-ми јули) го отфрли барањето на Србија за екстрадиција во врска со поранешниот член на претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ) Ејуп Ганиќ. Судот пресуди дека обвиненијата против Ганиќ можеле да бидат политички мотивирани. „Овие обвиненија се покренуваат и се користат за политички цели, и како такви, се еднакви на злоупотреба на процесот на овој суд“, рече окружниот судија Тимоти Воркмен. Тој беше уапсен на лондонскиот аеродром Хитроу на 1-ви март, врз основа на потерницата што ја издаде Белград. Србија го бара во врска со нападот од мај 1992 година во Сараево врз конвој на Југословенската народна армија, при кој загинаа 40 војници. Ганиќ ја пофали одлуката на судот, додека Белград вети дека ќе поднесе жалба. (РТС, Танјуг, Б92 - 27/07/10)