Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

ЕУ и ОН ќе ги координираат разговорите Приштина-Белград

19/07/2010

ПРИШТИНА, Косово -- Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, се согласи со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, да ги координира идните разговори меѓу Косово и Србија, објави во неделата (18-ти јули) дневниот весник Експрес. Бан предложи шефот на УНМИК, Ламберто Заниер, поддржан од претставникот на ОН во Белград, Ендру Гилмор, да го координира процесот со ЕУ. Ештон одговори на барањето на Бан во писмо, од кое Експрес тврди дека има копија. Безбедноста и стабилноста во регионот се производ на заедничките напори, се вели во писмото, и се додава дека долгорочен успех ќе биде постигнат само преку кохерентен пристап на главните меѓународни фактори во Косово. Ештон напиша дека откако Меѓународниот суд на правдата ќе го објави своето мислење в четврток, ЕУ би сакала да им помогне на Белград и Приштина да продолжат по своите патишта кон Европа. Експрес јавува дека советникот на Ештон, Роберт Купер, ќе го предводи тимот на ЕУ за координирање на работата со претставниците на ОН. (Eкспрес, Кохавижн, Телеграфи - 18/07/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's