30/03/2010
ТИРАНА, Албанија -- Известувачот за Албанија во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (ЕП), Николаос Чунтис, во понеделникот (29-ти март) рече дека нема граници што би ја спречиле државата да добие визна либерализација со ЕУ. За време на посетата на Тирана, властите го информираа Чунтис за напредокот постигнат во основните критериуми, како што е гарантирањето на пограничната безбедност, документите за лична идентификација, борбата против криминалот и нелегалната трговија.
Во меѓувреме, премиерот Сали Бериша во понеделникот објави дека Албанија го комплетираше прашалникот потребен за добивање кандидатски статус во ЕУ, одговарајќи скоро на 2.300 прашања за три месеци. Околу 1.200 официјални претставници учествуваа во процесот, вклучително и 28 странски експерти. Прашалникот ќе й биде предаден на Европската комисија на почетокот од април. (Шекули, Лајмфундит, Топ ченал, Клан, Балкан веб - 29/03/10)