21/03/2010
АТИНА, Грција -- Бомба експлодираше рано во саботата (20-ти март) во Атина, пред домот на Ануар Икмар, претседател на грчко-пакистанското здружение. Експлозијата предизвика материјална штета на зградата и три автомобили паркирани во близина, но никој не беше повреден. Полицијата ја опколи областа по добиеното телефонско предупредување во еден грчки телевизиски канал и еден весник пред експлозијата. Подоцна истиот ден втора бомба експлодираше пред полициски притвор во Атина. Предизвикана е материјална штета, но повредени немаше, по предупредувачкото јавување пред експлозијата. Двете експлозии беа предизвикани од импровизирана бомба која експлодираше пред канцелариите на екстремно десничарската група во Атина во петокот. Експлозијата предизвика материјална штета, но повредени немаше. Ниту една група досега не ја презеде одговорноста за нападите. (AФП, ББС, ДПА, АП, Ројтерс - 20/03/10)