Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Романскиот градоначалник обвинет за мито

21/03/2010

БУКУРЕШТ, Романија -- Обвинителите од Националниот оддел за борба против корупцијата (ДНА) во петокот (19-ти март) подигнаа обвинение за корупција против градоначалникот на Крајова, Антони Соломон. Тој беше уапсен на 3-ти март под сомневање за фалсификат и мито. Локалните медиуми објавија дека Соломон, наводно, зел 50.000 евра мито од локален бизнисмен во замена за дозвола за изградба супермаркет. По апсењето на Соломон, тој беше суспендиран од позицијата. Во петокот локалниот суд го одби неговото барање за условно ослободување и го задржа во притвор. (Mедиафакс, Јуралул национал, Адеварул - 19/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's