21/03/2010
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Министерот за надворешни работи, Свен Алкалај, побара од Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) да ги идентификува своите вработени кои го користеле работниот компјутер за пристап на веб-страниците со детска порнографија, објавија локалните медиуми во саботата (20-ти март). Според медиумите во Сараево, Министерството за внатрешни работи на Федерацијата на Босна и Херцеговина открило дека еден од компјутерите на Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина и еден компјутер на сараевскиот Регионалан совет за соработка, биле користени за пристап до детска порнографија. Министерството за внатрешни работи, наводно, го алармирало Интерпол во Луксембург. (Дневни аваз, РТРС, sarajevo-x.com, Фенa - 20/03/10)