21/03/2010
ПРИШТИНА, Косово -- Командантот на сојузничките сили на НАТО во Неапол, адмирал Марк Фиџералд, во петокот (19-ти март) рече дека пренесувањето на надлежностите за заштитата на српскиот споменик на Газиместан од КФОР на косовската полиција е резултат на подобрената безбедносна ситуација во земјата. Фиџералд го изјави ова во Приштина, каде што оствари разговори со командантот на КФОР, генерал-полковник Маркус Бентлер, од Германија, премиерот Хашим Тачи и претседателот Фатмир Сејдиу. Тој рече дека КФОР нема официјален мандат да раководи со спроведувањето на политичкиот план за северно Косово. Владината стратегија за север предвидува интеграција на српското мнозинство со приштинските институции. (Б92, Танјуг - 19/03/10)