21/03/2010
AНКАРА, Турција -- Премиерот Реџеп Тајип Ердоган во саботата (20-ти март) рече дека нема итни планови за протерување на нелегалните ерменски работници. Претходно оваа недела, тој истакна во интервју за турскиот сервис на ББС дека околу 100.000 нелегални имигранти од Ерменија е можно да бидат испратени дома. Говорејќи на собирот на турските уметници во Истанбул во саботата, Ердоган истакна дека неговата изјава имала за цел да го привлече вниманието на меѓународната заедница на „толерантниот пристап“ на неговата држава кон Ерменците, додавајќи дека тој не мислел оти треба веднаш да се преземе таков чекор. Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да се справува со прашањето на нелегалните имигранти на хуман начин и ги повика западните држави да прекинат со нарекувањето на убиствата на Ерменците во 1915 година од страна на Отоманската империја, како геноцид.
Изјавата на Ердоган за евентуалната депортација на Ерменците наиде на критики како дома, така и во странство. Во петокот околу 150 луѓе се собраа во Истанбул на демонстранциите организирани од невладина организација која ги брани правата на имигрантите. (AФП, СНН Турк, Хуријет - 20/03/10)