Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Фуеле ги посети Косово и Албанија

21/03/2010

ПРИШТИНА, Косово/ТИРАНА, Албанија -- Комесарот за проширување Стефан Фуеле, во петокот (19-ти март) рече дека ЕУ очекува Косово да ги засили напорите во борбата против криминалот и корупцијата и да го зајакне владеењето на правото. По разговорите со премиерот Хашим Тачи и претседателот Фатмир Сејдиу во Приштина, Фуеле ја истакна важноста на гарантирањето на политичката стабилност и безбедност за сите заедници во Косово. Тој им рече на приштинските власти дека постои консензус во рамките на ЕУ за европската перспектива на Косово. Сејдиу рече дека Косово има визија за својата интеграција во ЕУ и НАТО, но истакна дека сé уште има работа за да се постигнат овие цели.

Во петокот Фуеле ја посети Тирана, каде што изрази задоволство од напредокот на Албанија во нејзиниот процес на визна либерализација со ЕУ. По разговорите со премиерот Сали Бериша, Фуеле ги повика локалните политичари да ја надминат својата политичка криза бидејќи истата може да влијае на кандидатурата на Албанија за ЕУ. Опозициската Социјалистичка партија инсистира на темелна истрага за парламентарните избори во јуни 2009 година, за кои тие тврдат дека биле фалсификувани. Владејачката Демократска партија ја отфрли можноста за пребројување. (MИА, Данас, АП, АФП - 19/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's