Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Рен и Баросо ја повикаа ЕУ да ја поддржи финансиската помош за Грција

21/03/2010

БРИСЕЛ, Белгија/АТИНА, Грција -- Во петокот (19-ти март), комесарот за монетарни прашања на ЕУ, Оли Рен, ги повика водачите на Унијата да се согласат со планот за финансиска помош за Грција, ако биде потребно. „Основно е кога станува збор за држава од областа на еврото да има европско водство и европска одговорност“, рече Рен. Повикот му претходи на самитот на ЕУ следната недела. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, исто така, повика на договор на ЕУ за планот за спас.

Во меѓувреме, германскиот министер за финансии, Волфганг Шебле, во интервју за неделникот Билд ам Сонтаг рече дека неговата држава нема да се противи на тоа ЕУ да й обезбеди финансиска помош на Атина. „За помош од ЕУ за Грција, нема колективен договор. Во случај на исклучителна потреба, може да има координирана билатерална помош на доброволна основа“, рече Шебле.

Грчката влада се очекува во вторник да ги стави на дневен ред на парламентот новите даночни регулативи, како дел од мерките на штедење кои ќе й помогнат на земјата да се справи со својата должничка криза. Според медиумите, новиот предлог-закон предвидува 20 отсто даночна стапка на приходите на Православната црква од недвижностите и 45 отсто даночна стапка за годишните приходи од преку 100.000 евра. Новите „радикални“ правила ќе ги обврзат таксистите и сопствениците на бензиски пумпи и киосци да им издаваат сметки со ДДВ на муштериите. (AФП, Фајненшал тајмс - 20/03/10; Ројтерс, АФП, Катимерини, УПИ - 19/03/10)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's