18/03/2010
БУКУРЕШТ, Романија -- Владејачката Либералдемократска партија (ПДЛ) во средата (17-ти март) објави дека ќе бара пресуда од Уставниот суд ако напорите за отстранување на социјалдемократот Мирчеа Џоана како претседател на сенатот бидат спречени. ПДЛ сака Џоана да биде сменет поради наводното кршење на сенатските правила. Нивните обиди за иницирање гласање за недоверба пронаднаа веќе неколкупати, откако Постојаното биро на сенатот и самиот Џоана како претседател, одбија да спроведат гласање. Како резултат на тоа, работата на сенатот беше буквално блокирана.
Во другите вести од средата, Кристијан Ангел, градоначалникот на северозападниот град Баја Маре, беше осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на јавните финански средства. Обвинителите велат дека Ангел, од опозициската Национал-либерална партија, платил премногу за имот во 2006 година, за изградба на градското собрание. (Meдиафакс, Реалитатеа, Медиафакс, Агерпрес, АП, Котидианул, Гандул, Евениментул Зилеи - 17/03/10)