18/03/2010
БРИСЕЛ, Белгија -- Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу во средата (17-ти март) рече дека намалувањето на војниците на КФОР ја покажува подобрената безбедност во младата држава. Сејдиу ги информираше амбасадорите на земјите-членки на НАТО во Брисел за достигнувањата на Косово како независна држава, додавајќи дека за првпат откако прогласи независност во февруари 2008 година, Косово успеа да ја одржи својата целокупна стабилност. (TВ 21, РТК, Кохавижн, Арта ТВ - 17/03/10)